Вести Македонија

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

По утринските метежи и долгите колони возила на граничниот премин „Богородица“, каде што дел од патниците чекаа и до три часа за влез во Грција, попладнево состојбата е поинаква.

Во моментов нема поголеми задржувања на македонската страна од границата, а сообраќајот се одвива непречено. Колони и натаму има пред грчките гранични контроли, но преминувањето се одвива релативно брзо.

Според информациите од терен, грчките власти вршат само пасошка контрола, без дополнителните биометриски проверки кои предвидуваат фотографирање и земање отпечатоци од прсти, поради што времето на чекање е значително намалено во споредба со утринските часови.

Иако редици возила сè уште се забележуваат на влезот во Грција, попладнево нема знаци на поголеми застои како оние од утрото, кога колоните се протегаа со километри, а чекањето достигнуваше и до три часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе