Конзорциум предводен од домашната компанија „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце. Според министерот за транспорт, Александар Николоски, ова е јасен сигнал до целиот градежен сектор дека македонските компании имаат капацитет да реализираат големи инфраструктурни проекти.
Изградбата на автопатот треба да започне летово, а се очекува да биде завршена во рок од три и пол години.Проектот за изградба на автопатот Скопје–Блаце е стар речиси 25 години.
Првите активности за негова реализација започнаа пред седум години, кога беше најавено дека трасата ќе биде завршена до 2023 година. Сепак, поради повеќегодишни одложувања, проектот сè уште не е реализиран во целост.
