Со изложбата „Пркосните 12“, создадена како резултат на тримесечен инклузивен курс за фотографија, вечерва во Културниот Центар – Јадро беше отворено јубилејното петто издание на Маалски фестивал.
Изложбата се состои од 30 портрети направени меѓу дванаестте учесници под менторство на Драги Неделчевски.
Заедничката работа, создаде силна поврзаност меѓу учесниците, а фотографијата стана средство за комуникација и експресија, велат од граѓанската организација ПРКОС.
Изјави од Драги Неделчевски, ментор на инклузивниот курс за фотографија, Марија Савеска, Маја Цветаноска и Љубинка Брашнарска
