Вести Економија Свет Топ вести

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Елон Маск стана првиот билионер во светот откако акциите на SpaceX почнаа да се тргуваат. Акциите на SpaceX, компанијата на Елон Маск, почнаа да се продаваат по цена од 150 долари непосредно пред пладне по источноамериканско време, а брзо се зголемија на 160 долари.

Претходно, компанијата собра 75 милијарди долари, поставувајќи нов рекорд за иницијална јавна понуда на акции (IPO), надминувајќи го претходниот рекорд на нафтениот гигант „Saudi Aramco“, кој изнесуваше 25,6 милијарди долари во 2019 година.

Маск контролира повеќе од 80% од гласачките права во компанијата за вселенски истражувања SpaceX, која гради ракети и инфраструктура што ја користи НАСА.

Но колку всушност изнесува еден трилион долари, колку што пазарот вели дека „вреди“ Елон Маск?

Еден трилион е илјада милијарди. Тоа е бројка со 1 проследена со 12 нули: 1.000.000.000.000.

Но како оваа незамислива сума се споредува со некои реални работи чија вредност ја знаеме?

За да се стави во контекст богатството на Маск – највредниот спортски тим во светот, Далас Каубојс, се проценува дека вредат околу 13 милијарди долари, а компанијата за превоз преку апликација УБЕР има пазарна вредност од околу 142 милијарди долари.

На просечен работник во САД би му биле потребни 16,3 милиони години за да заработи 1 трилион долари.

Дополнително, еден трилион долари е приближно еднаков на вредноста на целата економија на Швајцарија, или пак поголем и од бруто општествениот производ на Полска.

Маск има репутација на технолошки пионер кој ги поседува SpaceX и компанијата за електрични автомобили – Тесла.

Неговите обожаветели го опишуваат како „луд гениј“, иако неговото однесување, особено објавите на социјалните мрежи многу попрецизно го опишуваат како обичен „интернет-трол“.

Откако го  купи Твитер и ребрендираше како X, Маск сè почесто ги изнесува своите ставови за американската политика, но и за другите земји.

Тој отворено промовира крајно десничарски политички ставови и целосно  го поддржа Доналд Трамп во трката за неговиот втор мандат во 2024 година.

Ја предводеше и иницијативата која наводно требаше да ја зголеми ефикасноста на американската влада, пред да се разидат со Трамп и да се повлече од Белата Куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе