Вести Македонија

Тетовец на 78 години доби притвор за физички напад на сопругата

На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој му определил осумдневна мерка притвор.
Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со Градски воз од Маџари до Железничка за 5 минути

Дејан Дејан

Обвинетиот судија Ристов во име на фирмата на „Ѓаволот“ продал стан на неговиот дедо

Дејан Дејан

Вработените во обвинителствата контра власта – законот за служба во ЈО не чини

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе