Балкан Вести Свет Топ вести

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос.

По реакциите од јавноста но и од  хотелиерите од северниот дел на земјата, неколку пратеници од различни партии, преку пратенички прашања доставени до надлежното Министерство побараа одговори и објаснувања за новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација на сите државјани од трети земји, пишува МИА.

Доколку се анализираат овие официјални писмени одговори од Министерството за заштита на граѓаните на Грција, што е надлежно за полицијата и за контролите на граничните премини, произлегува дека европската регулатива мора да се имплементира, меѓутоа, дава можност првично до 8 јули, а потоа автоматски се продолжува до 6 септември, доколку има исклучително голем сообраќај и предолги редици, властите привремено да ја намалат употребата на биометриските проверки за да се забрза протокот на патници, односно регистрацијата во системот да се спроведува регуларно, но без фотографирање и земање отпечатоци, стои во текстот на МИА.

Состанок, исто така минатата седмица, се одржал и во Солун, во Министерството за внатрешни работи надлежно за областите Македонија и Тракија, на кој биле разгледани мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини, со дополнително зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и можноста за изградба на привремени технички решенија.

Сепак министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји рече дека иако му е жал, сепак треба да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе