Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, од преговарачките поглавја за пристапувањето на Украина во Европската Унија.
„Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на Фејсбук.
Договорот означува потенцијален пробив во долготрајниот спор за правата на малцинствата што ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицираше поддршката за влезот на Украина во ЕУ.
Според договорот, Украина ќе дозволи употреба на мајчиниот јазик во училиштата, а учениците од унгарска националност ќе можат да ги користат и унгарските национални симболи и знамиња за време на прославите и да полагаат испити на унгарски јазик.
