Вести Свет Топ вести

Самит Трамп – Џинпинг на 14 и 15 мај во Пекинг, потврди Белата куќа

Белата куќа денеска објави детали за претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина каде што треба да има средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Трамп пристигнува во Пекинг во среда навечер. Официјалниот пречек ќе биде во четврток, а вечерта истиот ден ќе се одржи државен прием во чест на американскиот гостин. Во петок пред заминувањето на Трамп ќе има официјален ручек.

Доналд Трамп и Си Џинпинг ќе се сретнат на 14 и 15 мај.

Ќе се разговара за формирање заеднички трговски и инвестициски совет, за воздухопловниот сектор, земјоделството и енергетиката.

Трамп и Џинпинг, според висок американски функционер, веројатно ќе разговараат и за поддршката на Кина на Иран и Русија.

Истиот извор вели дека Вашингтон е загрижен и за безбедноста на вештачката интелигенција и дека лидерите на САД и Кина може да разговараат и на оваа тема, како и за продложување на Договорот за ретки минерали меѓу двете земји

Белата куќа најави дека Трамп планира да го покани Си Џинпинг на возвратна посета на САД подоцна оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе