Вести Македонија Најважни

„Вреди“ на Конгрес во Филхармонија попладнево се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело.

Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство,  треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што следуваат изјави од лидерите на Вреди и работен дел на конгресот, најави Комисијата за организација на Конгресот за обединување на Вреди.

Од „Вреди“ вчера на прес-конференција порачаа дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети.

„Нашата политичка платформа  се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор“, рече на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе