Нема да им дозволиме на САД да го отворат Ормускиот Теснец со „нереален план“, а потоа да излезат од војната без да платат отштета „за сета нанесена штета“, порача Мохсен Резаи, висок ирански претставник, пренесува иранската државна Прес ТВ
Тој говореше за предлогот на САД од 14 точки што Вашингтон го испрати на Иран преку посредници. Соединетите Американски Држави се надеваат дека мировниот план ќе постави темели за Меморандум за разбирање со кој повторно би се отворил стратешки важниот Ормускиот Теснец и би завршила војната.
Резаи нагласи дека задоволителен исход од преговорите меѓу САД и Иран мора да вклучува „чувствителна корист“, а не само „помпезен гест“ каков, според него се обидува Вашингтон да понуди.
Додаде дека Иран ќе ги бара своите права и воена оштета, дури и ако САД ги повлечат своите сили во регионот.
„Ги трпевме 47 години и ќе продолжиме преку отпор“, рече Резаи.
