Румен Радев го доби мандатот да ја формирана новата влада на Бугарија, откако неговата партија „Прогресивна Бугарија“ убедливо победи на парламентарните избори.
Радев примајќи го мандатот од претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го соопшти својот иден кабинет, најавувајќи и промена во нејзината структура.
Радев најави дека ќе има четворица вицепремиери, од кои две ќе им припаднат на министрите за финансии и за економија.
Владата на Радев ќе има 18 министерства, едно помалку од претходната влада, со спојување на две министерства во едно.
За македонската јавност интерсено е името на Велислава Петрова-Чамова која ќе биде министер за надворешни работи.
Петрова-Чамова инаку е поранешна заменик-министер на Теодора Генчовска, која ја предводеше бугарската дипломатија во владата на Кирил Петков, но и на Николај Милков во владата на Галуб Донев при што таа беше одговорна за бугарската политика кон Македонија, апликацијата на Бугарија за Шенген и претстојните фази од пристапувањето кон ОЕЦД.
Петрова-Чамова во претходните влади беше номинирана како од партијата на Слави Трифунов, „Има таков народ“. Таа инаку е дипломиран микробиолог. Се очекува бугарското собрание утре да ја изгласа владата на Радев.
