Вести Свет

Јотова му го врачи мандатот на Румен Радев за формирање влада

Румен Радев го доби мандатот да ја формирана новата влада на Бугарија, откако неговата партија „Прогресивна Бугарија“ убедливо победи на парламентарните избори.

Радев примајќи го мандатот од претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го соопшти својот иден кабинет, најавувајќи и промена во нејзината структура.

Радев најави дека ќе има четворица вицепремиери, од кои две ќе им припаднат на министрите за финансии и за економија.

Владата на Радев ќе има 18 министерства, едно помалку од претходната влада, со спојување на две министерства во едно.

За македонската јавност интерсено е името на Велислава Петрова-Чамова која ќе биде министер за надворешни работи.

Петрова-Чамова инаку е поранешна заменик-министер на Теодора Генчовска, која ја предводеше бугарската дипломатија во владата на Кирил Петков, но и на  Николај Милков во владата на Галуб Донев при што таа беше одговорна за бугарската политика кон Македонија, апликацијата на Бугарија за Шенген и претстојните фази од пристапувањето кон ОЕЦД.

Петрова-Чамова во претходните влади беше номинирана како од партијата на Слави Трифунов, „Има таков народ“. Таа инаку е дипломиран микробиолог. Се очекува бугарското собрание утре да ја изгласа владата на Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на вработените во ГТЦ на кои им се исплаќа минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе