Вести Економија Топ вести

Инфлацијата се загрева, дали следи нов ценовен шок, мерки за сега нема

Ќе има ли нов скок на инфлацијата и во април? На два дена пред статистика да ги објави новите податоци, премиерот Мицкоски соопшти дека очекува да биде во рамките на некои европски земји околу нас, каде се движи од 4, 5 до 6 отсто. Но, не прецизираше дали се планираат и некакви мерки за прехранбените производи. Ги повтори механизмите кои се користат за цените на горивата и посочи дека се чека да се види и месечната инфлација.

Кај нашиот источен сосед инфлацијата е над 6 проценти, Хрватска е тука некаде меѓу 5,5 и 6 проценти, кај јужниот сосед е околу 4, 5 и 5 проценти, така што во тие рамки очекувам да биде и кај нас инфлацијата. Но важно е да се види, за основните прехранбени производи како ќе се движи месечната инфлација, споредено со март. Она што го правиме со пазарниот инспекторат не очекувам таа да биде поголема од еден процент, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Во меѓувреме како и меѓународните финансиски институции така и дел од домашните експерти сметаат дека мерките треба да бидат  таргетирани и добро осмислени.

Интервенциите треба да бидат привремени, треба да бидат таргетирани и дизајнирани според специфичните потреби на структура на одредена економија, изјави во Топ Тема универзитетскиот професор Владимир Филиповски.

Народната банка пак ја задржа основната каматна стапка на 4 проценти, заради случувањата на Блискиот исток кои носат предизвици и непредвидливост за целата ситуација. Од банката посочуваат и дека ако се забележи скок кај инфлацијата ќе се делува со затегање на монетарната политика и со зголемување на основната камата.

За март статистика измери инфлација од 4, 9 отсто во споредба со истиот период лани. Претходно беше  2, 9 проценти. Иако некои производи добија повисоки цени анализата на пазарна покажала дека поскапувањето е минимално.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе