Енергетската криза предизвикана од немирите на Блискиот Исток веќе се одразува на туристичкиот сектор. Растат цените на авиобилетите, хотелиерските и угостителските услуги, а со тоа и на аранжманите за ова лето.
Од туристичките агенции велат дека случувањата видно се одразија на раните резервации што ги прават граѓаните. Сепак, се надеваат дека нема да дојде до поголеми поскапувања.
Во Македонија активно работат 324 туристички агенции и 54 тур-оператори. Но, податоците покажуваат дека во моментов речиси секоја петта фирма од нив е со блокирана сметка, а сите заедно во Управата за јавни приходи должат 585 илјади евра по основ неплатени даноци и придонеси.
Колку реално вреди туристичкиот сектор и каква е моменталната состојба во оваа индустрија?
