Вести Македонија Најважни

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“-се очекува сведочење на вештото лице од Судска медицина

Судењето  за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува  Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.

На претходното рочиште Обвинителството ја презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.

Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентираше вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца.

Во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.

На почетокот на судењето, адвокатката на првообвинетиот газдата на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко повторно побара да му биде укинат притворот.

Таа побара човечност при одлучувањето бидејќи Јованов е во тешка здравствена состојба. На ова бурно регираа родителите и роднините на починатите кои го следат судењето.

Укинување на притворот побараа и адвокатите на Беким Хаџиу и Тодор Јованов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе