Вести Македонија Топ вести

„Измрзнати“овошки-  во најава поскапи цени на овошјето

Мај наместо надеж за богата берба, донесе пустош. Ниските температури ги уништија лозовите и овошните насади во Росоман,Делчево и Берово.

Таму каде што требаше да зрее родот, денес има празни гранки и огромни загуби а кај дел од земјоделците и до 100 проценти.

Сливите, праските и лозјата се речиси целосно уништени. Наместо да се подготвуваат за берба, земјоделците веќе ги сумираат штетите и се соочуваат со неизвесна година без приходи.

Но последиците нема да се почувствуваат само на нивите. Помало домашно производство значи и повисоки цени, зголемен увоз и лето во кое граѓаните ќе плаќаат повеќе за овошје што го има сè помалку.

За жал и оваа година имаме катастрофални штети од мразот, најголеми штети се бележат во Малешевијата и во Росоман. Оваа вечер се најавуваат нови минусни темпера– изјави Ѓорѓи Каракашев од националната мрежа на земјоделци.

Од ресорното Министерство посочуваат дека за утврдување на штетите најпрво треба да реагираат општините.

Советите треба да прогласат елементарна непогода и да формираат комисии кои ќе направат проценка на терен.

Комисијата треба да изготви сеопфатен извештај за последиците од мразот врз овошните насади на земјоделците. Подготвениот извештај треба да биде доставен до комисијата формирана од Владата, со цел да се разгледа и донесе одлука за обесштетување– соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Меѓу општините што ќе свикаат вонредна седница е Делчево. Градоначалникот најави дека ќе предложи прогласување на природна непогода – голомразица, поради ниските температури.

„Се очекува и оваа вечер каде што температурата  достигне и под минус 4 степени, со тоа има сериозни оштетувања на овошните посеви,на слива, вишна, кајсија, јаболка и секако на посевите со орев. По тоа што ние вчера видовме на лице место и по тоа што имаме информација се зборува дека наредната недела ќе заседава советот на Делчево и ќе биде прогласена и вонредна состојба во општина Делчево“ – вели Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево.

Штети има и во Росоман, каде се очекува стручни екипи да излезат на терен и да ја утврдат точната состојба. Таму поради ниските температури биле погодени лозјето, праските и кајсиите.

Земјоделците очекуваат брза реакција и обештетување – а граѓаните стравуваат дека оваа ситуација годинава ќе ги поскапи дел од земјоделските култури.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе