Вести Економија

Европската централна банка ги задржа каматните стапки на 2 проценти – можно зголемување во јуни

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги остави клучните каматни стапки непроменети на ниво од 2 процента, што е во согласност со пазарните очекувања и покрај инфлациските ризици поврзани со војната во Иран. Ова е седми пат по ред монетарните власти на еврозоната да ги остават каматните стапки непроменети. Сепак, економистите во голема мера очекуваат централната банка да ги зголеми каматните стапки во текот на оваа година, можно е веќе во јуни, пренесе агенцијата ДПА.

„Колку подолго трае војната и колку подолго цените на енергијата остануваат високи, толку посилно ќе биде веројатното влијание врз пошироката инфлација и економијата“, изјави шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард по редовниот состанок на Управниот совет во Франкфурт.

Таа додаде дека можноста за зголемување на каматните стапки веќе била „детално разгледана“ на тековниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ. Лагард упати и предупредување до креаторите на политиките: вонредните фискални пакети воведени како одговор на остриот пораст на цените на енергијата треба да останат привремени.

„Реформите за подобрување на потенцијалот за раст на еврозоната и забрзување на енергетската транзиција со цел да се намали зависноста од фосилни горива се поважни од кога било“, рече таа.

Лагард не очекува дека ситуацијата ќе се смири во овој момент: на краток рок, инфлацијата ќе биде „значително над 2 проценти“, што е среднорочната цел на ЕЦБ. На ова ниво, централната банка смета дека нејзината примарна цел – обезбедување стабилно евро и заштита на куповната моќ на граѓаните е постигната.

Финансиските пазари очекуваат три клучни зголемувања на каматните стапки од по 0,25 процентни поени до крајот на годината. Следната одлука за каматните стапки треба да се донесе на 11 јуни.

Повисоките каматни стапки би ѝ овозможиле на ЕЦБ да ја држи инфлацијата под контрола: тоа би ги направило кредитите поскапи, што би можело да ја забави побарувачката и да ја ублажи инфлацијата. Штедачите, исто така, би имале корист од зголемувањето на клучните каматни стапки доколку банките ги пренесат истите врз нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе