Вести Македонија

Филипче вели со Мицкоски Македонија е со пад од три места во Индексот за слобода на медумите, ВМРО-ДПМНЕ му врати не си кредибилен

Лидерот на опозициската партија СДСМ Венко Филипче на X мрежата напиша статус на кој го коментира индектот за Слобода на медумите, Репортери без граници каде Македонија бележи пад од три места.

„Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници. Сега сме во групата земји со „проблематична состојба“. Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки за ЕУ – слобода на медиуми.

 

Регираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Филипче се смета за кредибиен да говори за слободата на медиумите,  а од друга страна  немало медиум, портал и новинар со кого не се скарал.

Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен. Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надоле ќе одиме, стои во реакцијата на партијата на власт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе