Вести Македонија Најважни

Над 600 деца жртви на сексуални предатори – алармот во Македонија е вклучен

Четиринаесет годишен монструм од Гостивар чекал родителите да излезат надвор за да ја силува една година помала сестра. Гнасниот чин го сторил двапати во текот на февруари, а обвинителството ќе го гони за родосквернавење. Скопското обвинителство, пак, соопшти дека гони монструм кој три години сексуално злоставувал дете родено во 2012 година.

Од Канцеларијата на народниот правобранител денеска излегоа со застрашувачки бројки. Над 600 деца биле жртви на сексуално насилство во изминатите пет години. Станува збор за случаи регистрирани од МВР, ЦСР и невладините организации.

„Општа констатација е дека и покрај постоењето на формално-правна и стратешка рамка, системот за заштита на деца жртви не овозможува доследна, навремена и прилагодена поддршка со почитување на принципот на најдобар интерес на детето“, нагласи м-р Васка Бајрамовска Мустафа од Канцеларија на Народниот правобранител.

Статистиката покажува дека во девет од 10 регистрирани случаи, жртвата на сексуално насилство е девојче, но од Канцеларијата на народниот правобранител напоменуваат дека реалниот број на жртви машки деца е поголем, бидејќи поретко се пријавуваат поради срам и стигма.

Бројките на МВР, пак, покажуваат дека во овие 604 случаи, речиси половина се за силување на деца, а во 186 случаи жртвата е дете под 15 години. Минатата година, токму ова дело, силување на дете под 15 години го има најмногу во полициските билтени. Жртви на монструмите се најчесто деца под 15 години, а тоа го потврдува црната статистика која покажува дека 57 проценти од жртвите се деца на возраст од 11 до 15 години, а најмалата жртва е на само тригодишна возраст.

Кога станува збор за институционалниот одговор, од Народниот правобранител се на став дека системот не е доволно подготвен и обучен, а тоа се однесува особено во делот на едукација за која се задолжени училиштата и Центрите за социјална работа. Судските процеси треба да траат пократко, а казните да бидат секогаш блиску до максималната.

„Анализата укажува на сериозни слабости во постапувањето на институциите. Имено, кога случаите ќе стигнат до институциите, системот често реагира фрагментирано, без доволна координација и без пристап прилагоден на дете. Податоците покажуваат на долго траење на судските постапки. Одредувањето на казните е согласно КЗ, но дополнително и она што очигледно ја вознемирува јавноста е дека треба да се работи навистина изрекување на казни го даваат максимумот за да може да се превенира“, додаде м-р Васка Бајрамовска Мустафа.

Народниот правобранител апелира регистарот на педофили да се ажурира редовно и да се промовира за да може децата и родителите да знаат кој се наоѓа во нивна близина.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе