Вести Култура Македонија

Системот овозможува образование , а не работи на задржување на младиот кадар

Системот овозможува образование, а не работи на задржување на младиот кадар. Ова е ставот на поранешниот истакнат солист во Македонскиот балет, сега современ танчер, мултидисциплинарен уметник и кореограф, Искра Шукарова, денеска кога светот и Македонија го чествуваат Светскиот ден на танцот. Според Шукарова, за работа во класичниот балет, адресата е МОБ, но за изведувачите на современ танц нема разбирање, простор за работа и неопходна соработка меѓу институционалната и вонинституционалната сцена.

  • Сите тие млади луѓе треба да имаат одговор, зошто системот овозможил образование, а ништо не прави во насока на одржување на тој кадар. Тоа требаше паралелно да оди, според мене, рече Искра Шукарова, мултидисциплинарен уметник и кореограф.

Сепак, таа е задоволна дека денес Македонија има едуциран танцов подмладок, за кој вели дека не треба да дозволиме да остане во странство.

  • После 30 години можам да кажам дека дојдовме на едно ниво, каде што веќе се мериме со западниот и воопшто со светот. Имаме многу талентирани уметници кои што имаат успеси надвор, кажа Шукарова.

А, во пораката за Светскиот ден на танцот, што ја лиферува Македонскиот центар при ИТИ на УНЕСКО, напишана од нашата поранешна прима балерина во МОБ, Зоица Пуровска- Велевска, таа повикува да се танцува за да се задржи здравиот стимул во актуелната стварност.

  • Нема поголем гест на љубезност и почит од оној во танцовиот израз и затоа во новите денови на брз ритам добро е да ја користиме неговата позитивна моќ заради креирање здрав стимул на општествено свесни личности, вели Зоица Пуровска- Велевска во пораката за Светскиот ден на танцот.

Единството што го губи модерниот човек се пресретнува на танцовата сцена која живот значи, дополнува Пуровска- Велевска.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе