Осум години затвор за Раде Трајковски Штекли, а по пет години добија Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски, додека Стојан Миланов е осуден на три години затвор.
Ова е пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.
Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.
Според обвинението, групата дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.
Обвинителството тврди дека првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли се јавува како организатор и координатор. Штекли пред судот изјави дека не го разбира обвинението, а другите обвинети кои не се спогодија се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Пред да започне расправата Раде Трајковски Штекли имаше епилептичен напад- судењето беше одложено
