По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и ЗНМ денеска организира доброволна акција за дарување крв.

Акцијата се одржува на повеќе локации во земјава, со главен настан во Скопје во просториите на Црвениот крст од 8 до 14 часот.

Крв се дарува и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип.
Во продолжение изјавите на Тамара Грнчароска – новинар, Младен чадиковски – ЗНМ и Александра Ристовски – Црвен Крст.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
