Вести Економија

МФ: 2,9 милиони евра нова транша од Буџетот за поддршка на домашните компании, досега пласирани над 227 милиони евра

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, соопштуваат од Министерството за финансии.

Ова е втора транша во оваа година којашто се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите.

Досега вкупно се пласирани во домашната економија  14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија.

Како што објаснуваат од министерството, поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе