Вести Македонија

За операција на наводно болно дете собрале 3200 евра – ќе одговораат за „измама“

Две лица од Дебар преку социјална мрежа собирале пари за лекување на наводно болно дете. Тие прикажувале лажни податоци дека на болно дете му е потребна итна операција и ги довеле луѓето во заблуда.

За два дена од 10 до 12 март од донации собрале 3.200 евра и 6.000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

„Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно прикажувала факти преку социјална мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар. На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра  и 6.000 денари“, соопшти полицијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе