ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа.
ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности.
Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност.
Како пратеник, како градоначалник и пред сè како министер за правда, Блерим Беџети предизвика непоправливи штети врз интересите на Албанците и проевропскиот имиџ на државата, велат од ВЛЕН.
Европскиот фронт започна иницијатива за уставни измени – повик за потпис од сите пратеници
