Бизнис објектив Вести Економија Македонија

„Бизнис Објектив“: Македонците сè уште преферираат кеш наместо плаќање со картички

Иако расте интересот за електронско банкарство, сепак се чини дека Македонците сè уште преферираат кеш. Лани од банкоматите подигнале 3,6 милијарди евра готовина, што е за дури 53 отсто повеќе од износот што го потрошиле плаќајќи со картичка на ПОС терминали (2,3 милијарди евра).

Податоците од Народната банка покажуваат и дека Македонците лани потрошиле 470 милиони евра за плаќање онлајн. Евидентно е дека од година во година се зголемува користењето на дигиталните алатки.

„Електронското банкарство, според податоците со коишто располага Народната банка, во 2025-та во однос на 2024-та година бележи раст во извршување на плаќањата. На пример, кај бројот речиси 18%, а кај вредноста на извршените плаќања речиси 28%, кои што споредено со извршувањата на плаќањата на шалтер навистина е значително бидејќи кај шалтерите плаќањата растат помеѓу 1% и 3% за истиот период.
Граѓаните ги прифаќаат придобивките од дигиталните канали бидејќи ја препознаваат користа. Станува збор за поудобни, за полесни, за поедноставни плаќања, а сигурни и евтини. И во таа смисла секако дека предничат помладите генерации. Присутна е и средната возраст на граѓаните, која што ги ползува придобивките од дигиталните канали, но с
è почесто и повозрасните групи користат дигитални канали за извршување на плаќањата. И во тој контекст би напоменале дека е важна дигитализацијата, но важна е и довербата во сигурноста на тие дигитални канали бидејќи колку повеќе дигитализацијата има потреба да биде присутна тоа значи дека и стандардите за безбедност треба секако да бидат зголемени во тој аспект“, вели Билјана Доновска Гечева, директорка на Дирекцијата за платни системи во Народната банка.

Гледано според возраста, кај помладите лица има помала разлика меѓу готовината што ја вадат од банкомат и плаќањето со картичка. На пример, лицата на возраст од 25 до 34 години извадиле 509 милиони евра кеш, а во продавниците со картичка платиле вкупно 429 милиони евра. Слично е и кај категоријата 35-44 години, кои од банкомати извадиле над 700 милиони евра, а во продавница платиле 620 милиони евра.

Наспроти нив, повозрасните генерации и натаму повеќе практикуваат готовина. На пример, лицата на возраст од 65 до 74 години подигнале скоро двојно повеќе пари од банкомат отколку што плаќале со картичка на продажните места.

Дигитализацијата во банкарскиот сектор во нашата земја во изминатиот период покажува напредок. Новиот закон за платежни услуги и платни системи го отвори пазарот за нови играчи. А, поголемата конкуренција ја поттикнува технолошката иновација и создава подобри кориснички искуства.

„Секако дека банките го следат трендот и инвестираат навистина во нови технолошки решенија, коишто овозможуваат посигурни, побезбедни, но и поудобни за граѓаните, односно за корисниците воопшто. Она што е важно да се истакне е дека и цената на овие дигитални услуги е навистина значаен фактор, а банките во нашата земја позитивно одговорија на сигналот на Народна банка за ревидирање на тарифите, кое што особено влијаеше на намалување на надоместоците на дигиталните канали, на извршувањето на плаќањата на дигитален начин. А, секако, кога дигитализацијата станува поевтина, таа станува и првиот избор на граѓаните за извршување на плаќањата.
Нашите граѓани веќе навистина ги ползуваат придобивките од овие дигитални начини на извршување на плаќањата. Банките во соработка со ‘
Apple Pay и ‘Google Payвеќе ги воспоставија и овозможија овие дигитални услуги за извршување на плаќањата. Граѓаните веќе ги ползуваат и придобивките и секако дека се користат“, вели Билјана Доновска Гечева, директорка на Дирекцијата за платни системи во Народната банка.

По интегрирањето на Македонија во СЕПА, што значајно придонесува во дигитализацијата на плаќањата поради брзината и едноставноста, тука е и регионалната иницијатива на земјите од Западен Балкан, со којашто до крајот на годинава треба да се воспостави инстант плаќањето, коешто веќе функционира во ЕУ.

„Инстант плаќањето е плаќање во кое што преносот на паричните средства се случува за максимални 10 секунди, независно од иницијаторот кој начин ќе го користи, дали ќе биде тоа електронското банкарство, дали ќе биде мобилната апликација, или пак, т.н. други услуги, како на пример иницирање на плаќањето базирано на QR код или иницирање на плаќањето базирано на некаква ‘push’ нотификација, секогаш плаќањето ќе биде во рок од максимални 10 секунди, независно дали станува збор за работен ден, празник, или пак било кој друг неработен ден за платните системи. Оваа услуга е веќе навистина достапна во ЕУ и овој тип на плаќање ќе се овозможи во нашата земја кон крајот на 2026 година“, вели Билјана Доновска Гечева, директорка на Дирекцијата за платни системи во Народната банка.

Според податоците на Евростат, 70 отсто од Европејците лани користеле интернет банкарство. Највисок е процентот во Данска, каде над 97% од граѓаните користат е-банкарство, додека Бугарија и Романија се најдолу на табелата, со по околу 30%.

Состојбата не е многу подобра во Македонија, бидејќи Евростат процени дека кај нас скоро 35% од граѓаните користат интернет банкарство. Споредено со регионот, пред нас се Србија и Босна и Херцеговина, додека Косово, Албанија и Црна Гора заостануваат зад Македонија.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе