Вести Македонија

Судски полицаец и доставувач осомничени дека зеле поткуп за да влијаат на пресуда во Апелација и во Врховен суд

На двајца судски службеници им е определен притвор под сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и помагање во извршувањето на делото, информираа денеска од Основниот кривичен суд.

По предлог на надлежното обвинителство, судот на 9 април донел одлука на лицето Г.А.А. – судски полицаец да му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Судот оценил дека постои реална опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката. Од Кривичен информираат дека ова решение е веќе правосилно бидејќи на него не била поднесена жалба.

За лицето Ф.Џ. – судски доставувач на 22 април му бил одреден куќен притвор во траење од 30 дена иако обвинителството барало ефективен затворски притвор. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело.

Посредувањето, како што велат од судот, требало да биде пред скопскиот Апелациски суд и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто скопски Кривичен донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе