Вести Македонија Најважни

Полициската акција против лекарите се проширува со приведување и на други лица

Обезбедени се повеќе лица, но  поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица – соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Со акцијата се опфатени доктори, за илегален увоз и дистрибуција на медициски средства користени при естетски зафати.

„Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата.
Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и Примање поткуп.“, соопштија од ОЈО ГОКК.
Претреси беа извршени на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, а како што соопштија од МВР  „сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела“.
„Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се повеќе лица“, соопштуваат од МВР. 

Според првичните информации, меѓу приведените има лица вработени како доктори на скопските клиники, како и сопственици на дерматолошки ординации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе