Се спроведува полициска акција за сузбивање на организиран криминал под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), при што е разбиена криминална група инволвирана во повеќе кривични дела.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека врз основа на наредби издадени од Основниот кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.
„Денеска (23.04.2026) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на ОЈО за ГОКК, се спроведува полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се повеќе лица“, соопштуваат од МВР.
Според првичните информации, меѓу приведените има лица вработени како доктори на скопските клиники, како и сопственици на дерматолошки ординации.
