Вести Свет Топ вести

Трамп тврди дека САД целосно го контролираат Ормускиот теснец – САД запленија уште еден ирански танкер со нафта

Американската војска во четвртокот заплени уште еден танкер поврзан со трговија на иранската нафта, зголемувајќи ги повторно тензиите со исламската република само еден ден откако Револуционерната ја гарда презеде контролата врз два брода во клучниот Ормутски Теснец.

Министерството за одбрана на САД објави видео снимка на која се гледаат американски сили на палубата на нафтениот танкер „Majestic X“, кој бил запленет во водите на Индискиот Океан, помеѓу Шри Ланка и Индонезија.

Но, видео снимки објавуваат и иранците. Иранската државна телевизија објави видео запис од вчерашната операција на морнарицата на исламската револуционерна гарда, која нападна три товарни бродови во теснецот и заплени два од нив, принудувајќи ги да застанат во иранските територијални води.

На видеото, со драматична музичка подлога, е снимено запленувањето на бродовите кои се обиделе да пренесат нафта низ теснецот.

Во обид да ја увери, пред сѐ, јавноста во својата држава дека САД и натаму победуваат во војната против Иран, Трамп секој работен ден го почнува со серија објави на својата социјална мрежа Truth Social.

Денеска напиша дека и наредил на морнарицата на САД да го уништи секој брод, без разлика колку е мал, кој поставува мини во водите на Ормускиот теснец. Дополни дека наредил и тројно да се интензивираат операциите за расчистување на теснецот од мини.

Без двоумење, Трамп напиша дури и дека САД имале целосна контрола над теснецот, кој, според американскиот претседател, ќе биде „целосно затворен“ сѐ додека Иран не биде подготвен за договор.

Но, залудно Трамп повторно прогласува победа и целосна контрола над ситуацијата.

Цената на нафтата на светските берзи останува и натаму една од најдобрите илустрации за тоа каква е ситуацијата во Ормускиот теснец и колку може да им се верува на зборовите на Трамп.

Еден барел нафта Брент денеска повторно се продава за повеќе од 100 долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе