Средбата помеѓу Владата, работодавачите и ССМ заврши без дискусија за растот на трошоците за живот и за платите. По состанокот од ССМ изјавија дека очекувале останатите социјални партнери да ги отворат овие точки но овој пат требало да се дискутира за други прашања. Повикувајќи се на податоците од нивната анализа за синдикалната минимална кошничка која покажува дека трошоците за само еден месец скокнале за околу 1000 денари, рекоа дека веќе не ни треба да се зборува за цени туку да се делува со мерки.
Оставивме останатите социјални партнери да зборуваат за животните трошоци и нивниот пораст за заштита на куповната моќ на работниците, меѓутоа никој не ја отвори таквата точка на дневен ред. За жал податоците на ДЗС покачуваат скоро 5 проценти зголемување на инфлацијата, вредноста на Синдикалната минимална кошничка пак е зголемена за 3000 денари од почетокот на годината и тоа најголем дел кај храна и пијалаци, тогаш задолжително е да се донесат мерки. Не знам какви податоци гледаат владините претставници, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов
Министерот за економија Дурмиши, пак вели дека за трошоци и за плати до сега се дискутирало и на дневен ред биле точки кои се исто така важни. Во однос на трошоците владината кошничка е за 13 проценти пониска од онаа на ССМ. На прашањето дали со скоро 5 отсто инфлација смета дека не треба да има мерки, Дурмиши кажа дека има минимално покачување на цените на основните производи.
Треба да се гледа од кои причини е дојдена. Јас ви кажувам цените на производите за кои сме ние надлежни има минимално зголемување. Ако има други причини во тој случај како влада ќе реагираме исто како што сме реагирале претходно, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши
На економски – социјалниот совет меѓу точките за кои се дискутираа беа оперативниот план за вработување, законот за пушење за бенефициран стаж, за младински додаток.
Ирена Чачкова
