Вести Македонија Најважни

Пржинската влада мора да остане, во спротивно СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, најави Филипче

Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори.

„Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е еднаков на владеењето на Никола Груевски. Ако денеска помине на Комисија овој Закон за Владата како што е, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за Изборниот законик“, најави Филипче.

Тој, исто така, изрази уверување дека ќе има предвремени избори, посочувајќи дека затоа им се брза со овие законски измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе