Вести Најважни Свет

Нафтоводот „Дружба“ повторно пумпа руска нафта кон Европа, со што се одблокира заемот на ЕУ од 90 милијарди евра за Киев

Украина соопшти дека повторно започнала да пумпа руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија и Словачка, со што се стави крај на повеќемесечниот застој околу заемот од 90 милијарди евра , кој се смета за клучна поддршка од Европската унија за властите во Киев.

Набргу потоа, амбасадорите на ЕУ на состанок во Брисел дадоа прелиминарно одобрување за заемот, како и за 20-тиот пакет санкции против Русија, потврдија извори од Брисел.

Сега останува уште 27-те земји членки на ЕУ да го финализираат одобрувањето на заемот за Украина, до утре попладне.

Иако финансиската помош за Украина беше договорена уште минатиот декември, унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на исплатата во февруари, откако Украина соопшти дека штетата предизвикана на нафтоводот од руските напади со дронови довела до прекин во снабдувањето.

Орбан бараше нафтата повторно да почне да тече пред заемот да биде исплатен, а Украина потврди дека поправките биле завршени во вторникот.

Убедливиот изборен пораз на Орбан исто така ја расчисти ситуацијата за ЕУ, ставајќи крај на неговото 16-годишно владеење како премиер.

Подобрувањето на нарушените односи меѓу Будимпешта и Брисел и одмрзнувањето на европските пари за Унгарија беа меѓу главните приоритети на новиот унгарски лидер, Петер Маѓар.

Овие денови се добри денови, за добри вести, за односите меѓу ЕУ и Украина и многу сум среќна поради тоа. Нафтата тече низ нафтоводот „Дружба“. Тоа значи дека веројатно, или сигурно, ќе можеме да го ослободиме заемот од 90 милијарди евра, што е многу, многу важно. Потоа Радата, парламентот на Украина, ги спроведува реформите. Затоа во наредните денови ќе можеме да исплатиме 2,7 милиони евра во буџетот на Украина, со што делумно ќе се помогне нивната ликвидност“ – изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе