Уставните судии се поделија. Четири наспрема четири за прашањето дали управниот суд може да поништува избор на уставен судија, член на судскиот совет или гувернер, дилема што се отвори откако управен го поништи изборот на Елизабета Дуковска, две години откако таа водеше предмети, гласаше и земаше плата во уставниот суд.
Известителката на овој предмет, Добрила Кацарска вели дека овој предмет нема да ја „спаси” Дуковска, но ќе спречи вакви контроверзни одлуки во иднина. Предметот останува отворен додека не се избере деветтиот уставен судија кој собранието допрва треба да го избере.
