Две лица загинаа откако се прегазени од автобус со украинска регистрација во близина на Мало Трново, а многу други се повредени, пренесува БТВНОВИНИТЕ.
Според првичните извештаи, возилото се застанало на патот откако останало без гориво. Патниците излегле од автобусот, но одеднаш автобусот тргнал наназад и прегазил дел од нив, по што се превртел. Двајца починаа, а 16 се овредени.
Шест луѓе се префрлени во болниците во Бургас, а 10 однесени во Ургентниот центар во Мало Трново. Останатите патници од групата привремено се сместени во Дневниот центар во пограничниот град.
Според списокот, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, сите украински државјани.
