Вести Економија Македонија

Мицкоски со повик до дијаспората да инвестира во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава.

Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.

Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија – објави Мицкоски.

Овие средби, напиша Мицкоски, се важни затоа што градат заедништво и доверба.

Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред. Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел економски развој и подобар живот за сите наши граѓани – објави Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе