Вести Македонија

Студентите за утре најавија протест поради оданочување oд „Work&Travel“ програмата

Студенти кои биле на студентска работа во Германија и САД, а на кои им пристигнало известување за даночење на сработеното од страна на Управата за јавни приходи утре излегуваат на протест.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ е креиран настан на кој е наведено дека протестот ќе започне утре во 12 часот пред Народната банка, а е предвиден да трае два часа.

Во описот е наведено дека протестот е поради законот за оданочување на Work and travel студентите во Германија и САД, па во однос на тоа сакаат да го изразат и револтот за пристигнатите решенија за плаќање данок кој веќе е платен во странските земји.

Претходно на 2-ри април УЈП имаше средба со претставниците на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Од Управата соопштија дека се разговарало за спроведување на обуки за студентите, за да ги запознаат со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата.

Студентите и УЈП на маса за данокот преку програмата Work&Travel

УЈП ќе ги даночи парите на студентите заработени преку „Work&Travel“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе