Студенти кои биле на студентска работа во Германија и САД, а на кои им пристигнало известување за даночење на сработеното од страна на Управата за јавни приходи утре излегуваат на протест.
На социјалната мрежа „Фејсбук“ е креиран настан на кој е наведено дека протестот ќе започне утре во 12 часот пред Народната банка, а е предвиден да трае два часа.
Во описот е наведено дека протестот е поради законот за оданочување на Work and travel студентите во Германија и САД, па во однос на тоа сакаат да го изразат и револтот за пристигнатите решенија за плаќање данок кој веќе е платен во странските земји.
Претходно на 2-ри април УЈП имаше средба со претставниците на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Од Управата соопштија дека се разговарало за спроведување на обуки за студентите, за да ги запознаат со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата.
Студентите и УЈП на маса за данокот преку програмата Work&Travel
УЈП ќе ги даночи парите на студентите заработени преку „Work&Travel“
