Охрабрување за пријавување на насилство е еден од најхрабрите чинови што може некоја жена или било кој човек да го направи, вели Магдалена Чадиноска Кузмановски, активистка за заштита на жени жртви на насилство, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Затоа што знаеме во каква средина растеме, патријархална, тука жената ја учат од мала да го зачува семејниот образ, а не нејзиниот. И кога на сето тоа, жената ќе се охрабри и ќе отиде некаде да пријави, верувајте дека тоа е огромен исчекор“, рече Чадиноска Кузмановски.
С.Д.
