Вести Македонија

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Воведуваме дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 – синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, согласно збирот на симптоми и знаци кои се присутни кај пациентите,

  • Со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести предвидуваме воведување електронски систем за пријавување на заразните болести кои подлежат за задолжително пријавување. Исто така, предвидена е дигитализација и заштита на личните податоци преку воведување нов член кој овозможува користење интернет платформи и паметни апликации, а воедно се елиминира ризикот од неовластено располагање со податоците, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Исто така, со законските измени се предвидува обврска за континуирана едукација за ДДД, која ја спроведува Институтот за јавно здравје, проширена листа на патогени, како и информатичко поврзување на микробиолошките лаборатории.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе