Вести Македонија Топ вести

Мицкоски – Руте: Реафирмирана определбата за активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност

Премиерот Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја реафирмирал, како што објави, цврстата определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамки на колективната одбрана, вели Мицкоски во објава на Фејсбук по вчерашната средба.

Мицкоски оценува дека средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО.

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар од својата територија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе