Премиерот Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја реафирмирал, како што објави, цврстата определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.
– Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамки на колективната одбрана, вели Мицкоски во објава на Фејсбук по вчерашната средба.
Мицкоски оценува дека средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО.
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар од својата територија
