Вести Македонија Топ вести

Филипче за нападот врз Иран: САД се наш стратешки партнер, треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики на режимите во Иран и Венецуела

На денeшната прес конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на прашање истакна дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и дека откако ги исцрпија сите механизми за преговори настапија кон еден таков напад, за доброто на народот во Иран, додавајќи дека очекува деескалација на ситуацијата.

-Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори, настапија кон таков еден напад кон Иран и сметам дека таквиот напад и сè што се прави е во истиот контекст како што беше направена интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше и за доброто на народот во Венецуела,  рече Филипче.

Тој рече дека САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела.

-Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат, нагласи Филипче.

Лидерот на СДСМ обвини дека актуелната власт ја турка државата во изолација, иако европската интеграција е стратешки интерес и за Македонија и за САД и за целиот регион. Дополнителна загриженост предизвикуваат контактите со структури блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

-Внимавајте, вицпермиер не ги крие контактите со Ноќните волци, луѓе блиски до рускиот претседател Путин. Целосна е тотална партизација на правосудството. Премиерот именува, назначува, елиминира обвинители на телевизија. Очигледно е влијанието и партизирањето на судството, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети и на случајот со враќањето на Артан Груби, оценувајќи дека такви политички договори во кои судството и обвинителството се послушници не носат добро за државата. Тој нагласи дека премиерот дури и јавно најавувал дека ќе го пречека на граница, а истовремено институциите замижуваат пред сериозни безбедносни прашања, вклучително и трансферот на пет тони дрога преку граница, што, како што рече, не може да се случи без знаење на власта. Како сличност, според него се односот на владата кон слободата на говор преку контрола и влијание врз медиуми, ширење дезинформации и носење резолуции со кои се ограничува просторот за опозицијата во парламентот. Постои и системска корупција.

Во однос на Советот за безбедност, свикан поради новата геополитичка состојба на Блискиот Исток и интервенцијата во Иран, Филипче рече дека е добро е да се разговара, но претседателката на државата мора да води сметка за состојбата во Армијата и „како врховен командант на Армијата, да го покрене прашањето зошто има шуга по касарните.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе