Вести Свет

Генералниот секретар на ОН ги осуди нападите врз Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги осуди американско-израелските воздушни напади врз Иран и повика на итно враќање на преговорите за да се спречи поширок конфликт.

На вонредната седница на Совет за безбедност на ОН, тој предупреди дека ескалацијата може да има сериозни последици врз цивилите и регионалната стабилност.

Гутереш оцени дека нападите го прекршуваат меѓународното право и Повелбата на ОН, но ги осуди и иранските одмазднички акции поради нарушување на суверенитетот на повеќе земји во регионот.

Израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, ги бранеше нападите како неопходни за спречување на „егзистенцијална закана“, додека иранскиот амбасадор Амир Саид Иравани изјави дека во нападите биле убиени и повредени стотици цивили и ги нарече воено злосторство и злосторство против човештвото.

Советот заседаваше на последниот ден од претседавањето на Обединетото Кралство, по што ротирачкото претседателство го преземаат Соединетите Американски Држави за месец март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе