Висок израелски претставник изјавил за Ројтерс дека иранскиот врховен лидер Али Хамнеи е пронајден мртов, но властите во Иран засега не ја потврдиле информацијата. Веста доаѓа по серијата напади што Израел и Соединети Американски Држави ги извршија врз цели во Иран, што дополнително ја зголеми тензијата во регионот.
Според американски извори, Централна разузнавачка агенција (ЦИА) проценила дека во случај на смрт на Хамнеи, можно е власта да ја преземат тврдокорни фигури од Револуционерната гарда, елитната воена формација задолжена за заштита на исламскиот поредок.
Анализите разгледувале повеќе сценарија, вклучително и потенцијални внатрешни превирања или обид за промена на режимот.
Mеѓувреме, претседателот Доналд Трамп изјави дека акцијата им дава шанса на Иранците „да ги соборат своите владетели“.
По нападите беа пријавени ракетни удари врз цели во Израел и во неколку заливски држави, додека во иранските градови е забележана паника и напуштање на домовите од страна на дел од населението.
Ситуацијата останува крајно неизвесна.
