Вести Македонија Топ вести

Општина Тетово изгради продолжение на булевар без да плати за експропријација

Загрозување на основните човековите права за сопственост на имот, жртви на прекршени закони. На ова се жалат седум сопственици на земјиште, врз чии имоти е изградено продолжувањето на булеварот кој тетовската општина го нарече Аеродром.

Изградба е направена без завршена експропријација. Голготата на овие седум сопственици трае веќе неколку години, иако имаат склучено спогодба за експропријација во септември 2023 година. Булеварската делница е изградена, парите не ги добиле, иако општината се согласила прво да плати па да гради.

Јас сум една од сопствениците на недвижности на кои е изграден булеварот „Видео Смилевски-Бато“ до село Порој. Општина Тетово го градеше на туѓ имот, односно на наш значи без правосилна постапка за експропријација. Во Управа за имотни правни работи во Тетово на општината се договоривме да ни плати за експропријацијата, па потоа да почне со градба, порача Ванеса Мекинтош.

Сопствениците на имоти алармираат дека и другите државни институции не презеле мерки кога со документот покажувале дека општината треба прво да плати па да работи.

Нашиот адвокат кога почнаа они да градат без наша дозвола, лично пријавувавме во полицијата он се трудеше да направи се да ги сопреме, поднесувавме кривични пријави, опомени пред тужби, но градбата ништо не ја спречи, вели Ванеса Мекинтош.

Имотот во катастар сè уште се води на седуммината сопственици. Велат дека се согласиле на спогодба за да се придонесе за подобро Тетово, но општината не ја почитува нивната подадена рака.

Татко ми мој многу го сакаше Тетово, неговата фамилија ние си го сакаме Тетово за доброто за Тетово ние се согласивме, се согласивме за едно подобрување, подобрување на градот, подобрувањето на урбаната, подобрување на сообраќајот за се и знаеме дека со тој чекор ние ќе направиме едно добро дело. Затоа се трудевме се да решиме на добар начин.  Меѓутоа тој начин не беше увиден воопшто од општина Тетово, изјави Ванеса Мекинтош.

Од Општина Тетово не одговорија зошто не платиле пред да почнат со градба, според Спогодбата. Тврдат дека дел од износ е исплатен, без да прикажат колку и на кого.

„Поради блокирана сметка на Општината во изминатиот период, не бевме во можност навремено да ги подмириме сите преостанати обврски. Сепак, по надминување на тековните административни и финансиски предизвици, очекуваме во наредниот период целосно да се реализираат преостанатите исплати“, велат од општината.

На почетокот на февруари, Телма информираше дека булеварот е пуштен во употреба без технички прием, па возачите се соочуваат со деформирани асфалтни ленти.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе