Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, пред конгресната комисија изјави дека „не знаела“ за криминалните активности на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Таа сведочеше зад затворени врати пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, кој спроведува истрага за случајот.
Клинтон побара и поранешниот претседател Доналд Трамп да биде повикан да сведочи под заклетва за неговите претходни врски со Епстин.
Клинтон нагласи дека никогаш не се сретнала со Епстин, ниту патувала со неговиот авион или го посетила неговиот остров и имоти. Таа признала дека се сретнала неколкупати со неговата соработничка Гислејн Максвел, која подоцна беше осудена за поврзани кривични дела.
Сослушувањето траело околу шест часа, а било привремено прекинато поради фотографија направена во просторијата, што предизвика реакции кај демократите во комисијата.
Нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, треба да сведочи денеска.
И двајцата претходно ја оспоруваа поканата за сведочење, нарекувајќи ја политички мотивирана, но се согласија да се појават по најавите за можна постапка за непочитување на Конгресот.
-Нашето сведочење е завршено. Штета што беа потребни седум месеци за да се добие изјава од г-ѓа (Хилари) Клинтон. Таа одговори на повеќето од нашите прашања. Ќе им дозволам на некои од моите колеги да се жалат за тоа, но нема да објавиме премногу детали за тоа што се случи денес. Ќе се обидеме да го објавиме видеото што е можно побрзо. Се надеваме дека во следните 24 часа тоа е многу долго сведочење. Значи, што е можно побрзо да го продуцираме тоа видео, ќе го објавиме. Транскриптот ќе биде објавен штом нејзините адвокати го одобрат. Тоа се стандардните правила за сведочење. И мислам дека, мислам дека ова беше продуктивно сведочење денес, изјави Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.
–Мислам дека е фер да се каже дека огромното мнозинство луѓе кои имале контакт со него пред неговото кривично признание во 2008 година, биле како повеќето луѓе. Тие не знаеле што прави. И мислам дека токму тоа ќе сведочи мојот сопруг , изјави Хилари Клинтин пред новинарите.
