Вести Македонија Топ вести

Пет години затвор добија помагачите на Кара за убиство во штипското кафуле – по казната ќе бидат засекогаш протерани од државата

По пет години казна затвор добија тројца турски државјани кои во мај лани му помогнале на Кадир Кара да изврши убиство на нивен сонародник во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова при изрекувањето на пресудата рече дека четвртообвинетата е осудена на три месеци затвор.

Тројцата турски државјани на Кара му помогнале да пристигне во Штип, но и да избега од местото на убиството. Истата вечер на автопатот Штип-Миладиновци имаше бркотница со автомобили, како во акциски филм. Полицијата ги пресретне на една од патарините и ги фати обвинетите.

Сторителот на убиство Кара претходно призна вина и беше осуден на 17 години казна затвор. Тој и тројцата негови помагачи по издржување на затворската казна ќе бидат засекогаш протерани од Македонија.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе