Кривичниот суд го одобри обвинението за 13 полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност, а поврзано со нивното постапување во врска со пожарот во Кочани, ноќта на трагедијата и претходно. Кривичниот суд соопшти дека обвинението се одобрува во целост. Со ова обвинение се опфатени и полициски началници и командири кои биле на функции кобната ноќ кога се случи пожарот.
Според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти без целосна проверка дали се испочитувани законските прописи и безбедносните процедури.
При контролата во кабарето не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема, што довело до настанување на пожарот.
Судот соопшти дека преку АКМИС системот ќе биде определен судски совет и датум на судењето.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвиненија за уште 12 полициски службеници, од кои тројца се обвинети за изготвување службени записници со неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки против кабарето „Пулс“.
Деветмина полицајци се обвинети за злоупотреба на службената положба поради издавање на согласности на кабарето кое изгоре на 16-ти март лани. Ти две судења се закажани за почетокот на март.
М.С.
