Вести Македонија Најважни

Одобрено обвинението за 13 полицајци за пожарот во Кочани

Кривичниот суд го одобри обвинението за 13 полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност, а поврзано со нивното постапување во врска со пожарот во Кочани, ноќта на трагедијата и претходно. Кривичниот суд соопшти дека обвинението се одобрува во целост. Со ова обвинение се опфатени  и полициски началници и командири кои биле на функции кобната ноќ кога се случи пожарот.

Според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти без целосна проверка дали се испочитувани законските прописи и безбедносните процедури.

При контролата во кабарето не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема, што довело до настанување на пожарот.

Судот соопшти дека преку АКМИС системот ќе биде определен судски совет и датум на судењето.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвиненија за уште 12 полициски службеници, од кои тројца се обвинети за изготвување службени записници со неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки против кабарето „Пулс“.

Деветмина полицајци се обвинети за злоупотреба на службената положба поради издавање на согласности на кабарето кое изгоре на 16-ти март лани. Ти две судења се закажани за почетокот на март.

М.С.

Прскалките се вклучија на песната „Што сака нека биде“ огнот се ширеше со огромна брзина, најблиската врата зад бината беше заклучена со катанец- сведочеа во “Пулс“ преживени членови на ДНК

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе